Бред Пит, ти ли си, ако си киднапиран трепни – актерот изненади со гардеробата на филмска премиера

Од:

Не се работи за улогата, не бил во Шкотска, а не ниту “откачен“. На Бред Пит само малку му здосади да биде облечен по стандардните модни параметри за мажи и предвидува дека следната година сите мажи ќе се облекуваат вака, па реши да биде трендсетер.

Бред Пит сигурно ги шокираше сите со ова модно издание. Актерот без сомнение изгледа одлично во се што ќе облече, а дополнително внимание привлече неговиот моден избор на берлинската проекција на филмот „Bullet Train“. Така, 58-годишната Пит се одлучи за лелеаво кафено здолниште со соодветна јакна и виолетова ленена кошула со копчиња.

Изгледот го комплетираше со војнички чизми, откривајќи ги потколениците – и неколку тетоважи кои ретко ги покажува.

“Мажите ќе носат здолништа до следното лето. Тоа е мое предвидување и тврдење. Филмот одговара на двата пола. Сакавме се да прикажеме реално, а Грците носеа здолништа”, изјави Бред Пит за “People”.

Тој, исто така, има голем број тетоважи посветени на поранешната сопруга Анџелина Џоли, вклучувајќи соодветен дизајн на санскрит во чест на нивниот син Медокс, чкртаница на грбот напишана од актерката и нејзиниот датум на раѓање на кмерски јазик на долниот дел на стомакот.

Патем, новиот филм на Пит „Bullet Train“ следи пет убијци во воз, на сите доделени различни (но поврзани) мисии. Освен Пит, во него играат Сандра Булок, Џои Кинг, Зази Биц и Бед Бани.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Откриена е причината зошто Бред Пит и Џорџ Клуни не зборуваа со години

Бред Пит ја откри тајната што Џенифер Анистон ја крие со години

Предраг Петровиќ

Ме фати за глава и рамена и ме тресеше: Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за насилство

Бред Пит призна кои двајца актери се најпривлечни фраери на сите времиња: „Толку грациозно старее“

Предраг Петровиќ

Бред Пит ќе се трка со Луис Хамилтон на Британското ГП за филм во Формула 1

Горан Наумовски