Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 24 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.