Жена од Гиновци си ја запалила куќата

Од:

35-годишна жена од кривопаланечкото село Гиновци доби кривична пријава бидејќи според полицијата, со умисла ја запалила семејната куќа и ги загрозила животите на членовите на семејството.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.А.(35) од с.Гиновци, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, велат од полицијата.

„На 16.06.2022 во семејната куќа во с.Гиновци, пријавената со умисла предизвикала пожар и го довела во опасност животот на членовите на семејството“, пишува во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар