Пожар во Беровско, Општината го повика населението на помош

Од:

Општина Берово попладнево на социјалните мрежи упати апел до локалното население да се вклучи во гаснењето на пажарот кој гори над селото Митрашинци.

– Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелираме до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година се вели во објавата на социјалните мрежи.

Во овој дел од Македонија големи пожари имаше минатото лето. Во гаснењето беа вклучени против пожарни екипи од повеќе држави.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Берово

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре