Србинка загина на автопатот Велес-Градско, сопругот и детето се повредени

Од:

36-годишна Србинка загинала рано утрово на автопатот меѓу Градско и Велес откако автомобилот кој го управувал нејзиниот сопруг излетал од патот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 21.07.2022 околу 02.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во правец Градско-Велес, патничко возило „Рено”, со српски национални ознаки, управувано од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Велес“, се вели во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар