Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски се гонат за убиството на ракометарот Денис Тот. Обвинителството поднесе обвининие до Кривичниот суд, по затворање на истражната постапка.
„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, велат од Обвинителството.
Побарано е продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.
„Се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата“, велат од Обвинителството.
„А1он“ објави и детали што се случувало кобната вечер и зошто е убиен Тот. Од дружба и пиење во диското, до смртоносни боксови и клоци. Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3 часот и 30 минути по полноќ.