Македонија ќе гаси пожари во Грција, ќе се испрати хеликоптер и војници

Од:

Владата на Република Северна Македонија во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гасење на пожари, во Грција.

– Се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар. Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски