ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Од:

„Друштвото на писателите на Македонија е еснафска, тоест писателска асоцијација, која иако не се занимава и нема да се занимава со политика, секако дека се занимава и ќе се занимава со културна политика.

Наша основна алатка е јазикот и тој за нас, како што со право и убаво истакнуваше и нашиот претходник, учител и родоначалник Блаже Конески – е нашата татковина!

Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци и дека нашиот јазик е македонскиот.

Македонскиот јазик има дијалекти, но нашиот македонски јазик не е никаков и ничиј дијалект.

И во иднина, како и досега, ние сите – членовите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе создаваме литературно творештво и ќе се трудиме тоа да биде со високи естетски и културлошки вредности.

Македонскиот писател и македонската книга се и ќе бидат и во иднина во центарот на вниманието на активностите, заложбите и проектите на Друштвото на писателите на Македонија.

Притоа, посебно треба да се залагаме за читањето на македонските автори и дела, зашто непрочитаните книги исто како и да не се објавени.

Македонските писатели се единствени во грижата и одбраната на македонскиот јазик и македонското книжевно творештво, кое се создава во државава, но и во на Балканот, Европа и светот.

Македонскиот јазик е еден и единствен и македонските писатели создаваат токму на тој јазик. Тоа е јазикот на нашите татковци и мајки, предци и наследници, а нашите литературни дела се значајни и вредни – токму затоа што се создадени на тој наш, роден, изворен, матичен и единствен јазик.

Нашите творби и дела се траен влог, сведоштво и доказ за минатото, сегашноста и иднината.

– Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија“.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска