Екстремно десничарски бугарски европратеник имал соработник во Брисел кој работел за руските служби

Од:

Голем број бугарски изданија ја објавија веста дека екстремно десничарски бугарски европратеник во својот тим имал колега, кој наводно работел за руските служби. Како што јави дописникот на МИА од Софија, името на бугарскиот европратеник и на неговиот колега не го споменува Еуобсервер, кој е примарен извор на информации за бугарските медиуми.

Оваа информација стана достапна во рамките на сеопфатната публикација за руското разузнавање во европските институции. Во текстот се додава дека ова е еден од сомнителните случаи на навлегување на руско разузнавање во институциите на ЕУ. Жената го променила своето име и конкурира за практикантска работа во рамките на програмите на ЕУ, како и во медиуми лоцирани во главниот град на Белгија, пишува бугарското издание „Дневник“, кое прво ја објави веста.

Бугарија има двајца пратеници во Европскиот парламент кои според стандардите на западните медиумски дефиниции одговараат на „екстремно десничарски“. Првиот е Ангел Џамбазки, европратеник од 2014 година, кога влезе како кандидат на коалицијата меѓу „Бугарија без цензура“, ВМРО, ЗНС и „Герѓевден“, а во 2019 година – на ВМРО-БНД.

Во моментов според документите на неговата страница во Европскиот парламент се наведени имињата на 11 соработници, ниту еден од нив нема јавно објавено резиме и фотографија. Тој е и член на Специјалниот комитет за прашања за надворешно мешање, вклучително и дезинформации, во сите демократски процеси во Европската унија. Втор пратеник е Андреј Слабаков, избран за пратеник во 2019 година со 10 соработници. А на неговата страница нема биографии и фотографии од неговите соработници.

Секој европратеник, според информациите од јавен карактер, има речиси 27.000 евра месечно за ангажирање советници и практиканти, кои не мора нужно да се државјани на ЕУ и не се проверени од националните разузнавачки служби или безбедноста на ЕУ, посочува EUobserver. Русија сè уште има над 100 дипломати во Белгија и „околу половина од нив“ се шпиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени