Денеска во Брисел имаме две држави, од кој што едната Албанија, реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
– Дека ова не е историски настан и дека владата прави уште една манипулација, укажува фактот што вечерва откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, ќе одат во клубот на пратеници на затворена прослава каде што веројатно ќе има и добра храна, но доколку е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава вели Милошоски.
Тој вели дека за жал Македонија од денеска па натаму влегува во лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја која се стреми за членство кон ЕУ.
– Сметам дека фотографијата од Брисел ќе ни послужи добро да ги препознаеме оние коишто во Македонија се неспособни и оние кои во соседството се способни и оваа фотографија ќе биде многу добра за генерациите да се сеќаваат кои луѓе за краткорочна политичка кариера одлучиле свесно да играат улога на предавници рече пратеникот на опозициската партија.