Да се интензивира откупот на пченицата, апелира Министерството за земјоделство

Од:

Да се интензивира откупот на пченицата од страна на сите инволвирани во процесот, апелира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што соопшти, тоа е од особена важност во овој момент зашто значи заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители и на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор, како и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно.

– Остварувањето на овие цели за Министерството е приоритет кој е во интерес на Република Македонија и на македонското земјоделство, наведува МЗШВ во контекст на информациите објавени изминатите денови во некои медиуми.

Според Министерството, досега се откупени 120.000 тони или 82 отсто од планираните количини кои ќе се движат во границите на откупот од претходните жетви.

МЗШВ информира дека остварува секојдневна комуникација со сите фактори вклучени во процесот на откуп, со сите форми на здружување на земјоделците производители на пченица и мелничко-пекарскиот сектор преку која дополнително се следи количината на откупената домашна пченица и состојбите од терен. Во овој процес непосредно е вклучен и Државниот инспекторат за земјоделство кој преку посебни тимови ги следи состојбите, условите и начинот на откупот, преку доставување теренски податоци на дневна основа.

– Во насока на објективно информирање на македонската јавност, а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта, информираме дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на забрзување на динамиката на откуп, наведува Министерството за земјоделство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото