Претседателот на Собранието на Србија и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ изјави дека конститутивната седница на новото свикување на Парламентот ќе се одржи кон средината или на крајот на следната недела и потсети дека рокот за одржување на конститутивната седница истекува на 4 август.
Дачиќ ова го изјави по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за мандатар за премиер и новата влада, на коалицијата СПС – Единствена Србија – Зелените на Србија, додавајќи дека оваа листа е подготвена за продолжување на соработката со Српската напредна партија (СНС).
Веруваме дека споделуваме заеднички политички цели кога е во прашање иднината на Србија. Подготвени сме за соработка и ќе продолжиме со консултациите во наредните денови, изјави Дачиќ.
Како што појасни, со Вучиќ е постигнат висок договор за меѓусебните односи и продолжување на соработката во наредниот период, а листата на СПС е подготвена да биде дел од политичкото единство и стабилност во Србија.
– Ми се чини дека демонстриравме високо ниво на единство и договор, заклучи Дачиќ.
Извор: МИА