Кремљ: Путин и Ердоган во Техеран ќе разговараат за извозот на украинското жито

Од:

Претседателот на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган утре во Техеран ќе разговараат за извозот на украинското жито, соопшти денеска Кремљ.

Се очекува Русија, Украина, Турција и Обединети нации во текот на неделата да потпишат договор за продолжување на извозот на украинско жито преку Црно Море.

Украинските пристаништа на Црното Море, до неодамна беа главни извозни точки за земјоделски производи, но по руската инвазија пристаништата се блокирани.

Путин, Ердоган и иранскиот претседател Ебрахим Раиси утре во Техеран ќе разговараат и за Сирија, каде трите земји се воено ангажирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

Путин: Минатата година беа испорачани 140.000 дронови, годинава ќе произведуваме 10 пати повеќе

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Руските сили започнаа контранапад во областа Курск

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ

Трамп: Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви

Горан Наумовски