Михајловиќ: Србија денес е во позиција да зависи од еден снабдувач во енергетиката

Од:

Министерката за рударство и енергетика на Србија Зорана Михајловиќ за време на обиколката на работите за изградба на гасната интерконекција Србија-Бугарија изјави дека оние кои се бореле за ништо да не се промени во српската енергетска индустрија и таа да остане затворена, ја доведоа Србија во ситуација кога денес зависи од еден снабдувач, јави дописникот на МИА од Белград.

-Да се има само еден снабдувач, без разлика кој е, е најголема грешка за секоја економија, а камоли за малите економии кога е во прашање енергетската безбедност. Не е првпат да бидат нападнати моето знаење и работа бидејќи ја кажувам вистината за безбедноста на гасот на Србија и што укажувам на можностите за развој на српската енергетика, рече Михајловиќ и додаде дека „за оние кои сакаа да ја затворат Србија, нападот е секогаш најдобра одбрана“.

-Но, да го почекаме септември следната година и да се заврши гасоводот и верувам дека многу порано ќе имаме договор со Азербејџан, кажа српската вицепремиерка.

Запрашана за нападите во медиумите поради проектот Ниш-Димитровград, таа изјави дека онолку долго додека постои проектот за оваа интерконекција на гас, има приказни за тоа како Србија не може да добие гас од таа рута, дека го нема доволно или дека не е потребен.

-Гасот што го добиваме од Руската Федерација не е спорен, но поради економијата на Србија и граѓаните кои користат гас мораме да бидеме безбедни, а тоа значи да имаме други добавувачи. Верувам дека ќе изградиме други интерконекции, и со Босна и Херцеговина, Северна Македонија, размислуваме за интерконекција и кон Хрватска, бидејќи само поврзан со гасоводи регионот може да биде енергетски безбеден, рече таа.

Михајловиќ додаде дека очекува Србија да има доволно количества гас за оваа зима преку договорот со „Гаспром“, во магацините во Унгарија и од српскиот дел на складот во Банатски двор, но дека е важно да се изградат не само нови интерконекции, но и нови складишта.

-Планот е да се изгради ново складиште што ќе биде во сопственост само на Србија, во Итебеј или на друга локација, чиј капацитет би бил една милијарда кубни метри, а вредноста на инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра, изјави Михајловиќ.

Таа изјави и дека се надева оти земјите преку кои се снабдува Србија, пред сè Бугарија и Унгарија, ќе ги почитуваат договорните обврски, но и дека Србија има подготвено кризни планови во случај на непредвидени ситуации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа