Националниот американски архив на својата официјална интернет страница објави извјештај и податоци во кои се наведува дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во 1953 година наложила и учествувала во изведувањето на воениот удар во Иран, со кој од власта бил соборен иранскиот премиер Мухамед Мусадик и неговата Партија на националниот фронт, јавува агенцијата Анадолија.
Во објавените податоци се истакнува дека САД, за време на советскиот напад врз Иран, биле присилени во соработката со локалните субјекти од Иран да го користат кодот TPAJAX и дa испланираaт заверa сo којa била соборена тогашната иранска власт.
Американската завера се состоела од пропаганда против премиерот Мусадик, придобивање на шахот Реза Пехлави за соработник, корумпирање парламентарци и политичари, организација на вооружени сили и организирања разни протестни митинзи.
Заверата успеала на денешен ден во 1953 година, кога воениот удар бил реализиран и од власта бил тргнат премиерот Мусадик, кој ја национализирал иранската нафта.
За американската и британската улога во воениот удар во Иран од 1953 година пишувале и нивните тајни агенти, а новообјавјените податоци се прво официјално признание на САД дека ЦИА била налагодавачот.
Со американска инструкција, Реза Пахлави по воениот удар за премиер го именувал генерал Фазлулах Захеди, а владеењето на Пахлави беше завршено во 1979 година.
Тоа е период на раст на антиамериканското мислење во земјата, а веднаш по соборувањето на Пахлави од власта окупирана беше и американската амбасада во Техеран.\