Концерт „Табула раса“ со камерниот оркестар „Профундис“

Од:

Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето, синоќа се одржа концертот насловен „Табула раса“ во изведба на Камерниот оркестар „Профундис“ со виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ.

Камерниот оркестар „Профундис“ постои веќе три години, а негови главни цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Целовечерниот концерт на БИТ ФЕСТ, беше изведен во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт.

Во Камерниот оркестар „Профундис“ членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри: Националната опера и балет и Националната филхармонија. Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Би можело да ве интересира

Македонски и регионални музичари на Балкан Гала ‘22 со Камерниот оркестар на Битола

Ана Ололовска

Камерниот оркестар на Битола одржа концерт во чест на Тоше

Наум Локоски

Новогодишен концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар – Битола

Ана Ололовска

„Лејдис симфони” – новогодишен концерт на Камерниот оркестар – Битола

Ана Ололовска

Новогодишен концерт на Камерен оркестар на Битола

Ана Ололовска