Коциќ: Објавен е Протоколот, сите лаги на Мицкоски паднаа во вода, во ЕУ со чист македонски јазик

Од:

Сите лаги на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица потонаа во вода. Вчера и јавно се објави Протоколот и сега е јасно како бел ден, се’ што кажаа излажаа. Се докажа она што постојано го тврдевме, македонскиот јазик во ЕУ влегува со чиста формулација, без фусноти без никакви придавки и дополнителни објаснувања рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

– Нема никаква бугаризација и асимилација како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата целосно автономно одлучува и содржински и временски без да им се меша политиката и без рокови. Имаме гарантиран реципроцитет за сите прашања, тоа што важи за нас важи и за Бугарија. За разлика од Мицкоски, кој својата земја ја нарекува НМК, со овој протокол се гарантираат одлуки кои ќе бидат базира врз научни факти и кои ќе мора да бидат верификувани од целата наша комисија. Протоколот потврдува: воопшто не е поврзан и не ги условува почетокот на преговорите, тие започнуваат утре преки првата меѓувладина конференција и старт на скринингот вели Коциќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он