Јутарњи лист: Хрватска ќе му дозволи на Вучиќ да го посети Јасеновац, но со договор и не пред есента

Од:

Хрватска ќе дозволи посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Јасеновац, но тоа сигурно нема да се случи пред есента бидејќи тоа е настан што треба да се договори по дипломатски канали и многу темелно да се подготви, пренесува денеска загрепски Јутарњи лист, повикувајќи се на извор близок до хрватската влада.

Според изворот на весникот, тоа не било случај минатиот петок кога „Вучиќ само го известил Милорад Пуповац дека сака од Босна и Херцеговина, да оди во Пакрац и Јасеновац, а тоа не се прави така“.

Соговорникот на Јутарњи лист ги демантираше објавените информации според кои српската дипломатија уште во март, па и подоцна се обидела да ја договори посетата на Вучиќ во Јасеновац.

„Тоа не е точно. Единствениот обид беше комуникацијата на Вучиќ со Пуповац, пред тоа немаше ништо“, нагласил соговорникот.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик