Предлог-законите за ратификација на Протоколите за членство во НАТО на Финска и Шведска, испратени во собраниска процедура

Од:

Владата на Република Северна Македонија извести дека ги пуштила во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон Северноатлантскиот договор и нивно членство во НАТО.

„Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на Република Финска и Кралството Шведска за нивно членство во Северноатлантската Алијанса.

Протоколите кон Северноатлантскиот Договор во врска со пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО“, се наведува во соопштението на Владата.

„Република Северна Македонија даде целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, поддржувајќи го натамошното проширување, како и зачленувањето на Кралството Шведска и на Република Финска во Северноатлантската Алијанса оценувајќи го како важен чекор и придонес за зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа, имајќи го предвид неоправданиот воен напад на Украина од страна на Руската Федерација.

Шведска и Финска имаат развиено многу високо ниво на соработка со НАТО и нивното членство ќе ја зајакне политичката сила на Алијансата, а со нивниот прием Алијансата демонстрира единство“, се додава во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО

Конференција на НАТО: Балканот повторно би можел да стане „буре барут“