53 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Од:

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 23 до 5 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 53 возачи, известува МВР.

– Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 63 останати прекршоци., соопшти МВР

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози