ВИДЕО: Се слушаат екслозии, прекин на струја – авионот кој падна во Кавала летал од Ниш и носел муниција

Од:

Украинскиот авион Антонов се урна на 40 километри од грчкиот град Кавала, поточно во Палеохори. Според веб-страницата FlightRadar, авионот полетал од Ниш, а набргу по полетувањето пилотот побарал итно слетување поради пожар на еден од моторите. Грчките медиуми јавуваат дека во него имало тројца членови на екипажот.

Според командантот на грчката цивилна авијација, Константинос Ликаракос, авионот полетал од Србија и се упатил кон Јордан, поточно градот Аман. Пилотот пријавил пожар на моторот во контролата на летање во Атина и сакал принудно да слета на аеродромот во Кавала.

На веб-страницата FlightRadar е наведено дека авионот регистриран UR-CIC, карго-превозник Meridian Air Cargo, полетал од Ниш во 20:36 часот. Податоците на страницата покажуваат дека авионот Антонов АН-12БК влегол над Егејското Море, се свртел во близина на Тасос кон брегот и наеднаш почнал да губи брзина.


Авионот во претходните два дена летал од Париз за Сараево, потоа за Белград, а потоа од Белград за Анкара.

Градоначалникот на општина Пангеа Филипос Анастасиадис вечерва потврди дека се работи за авион кој превезувал муниција и летал од Србија за Јордан, пренесува Катимерини.

Противпожарните екипи и возилата за итни случаи се на местото на несреќата, а пристапот до сите во радиус од 500 метри е забранет.

На интернет веќе се појавија снимки направени од очевидци, на кои се гледа како авионот гори и секундарни експлозии.

 

 

Противпожарната служба ги повика граѓаните кои се насобрале околу местото на несреќата да се оддалечат.

„Ворија“ пишува дека дошло до прекин на струја во околните села, најверојатно поради искинати кабли.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент