Манчестер јунајтед оствари уште една убедлива победа на турнејата во Австралија. Тимот на Ерик Тен Хаг славеше против Мелбурн виктори со 1:4.
Мелбурн поведе со прекрасниот гол на Кристофер Икономидис во петтата минута, но Јунајтед одговори со погодоците на Мектоминеј и на Марсијал непосредно пред одморот.
Маркус Рашфорд во 78. минута го постигна третиот гол за Манчестер јунајтед, а во финишот Мелбурн си постигна и автогол за конечни 1:4.
Извор: Топспорт