Разбиена криминална група поврзана со продажба на крофни на плажи на Халкидики

Од:

Со уцени и закани 39-годишен Грк и неговите соработници принудувале странски државјани да работат за него и да продаваат крофни на 19 плажи на Халкидики, без при тоа да постои дозвола од надлежен орган, а со оружје и физичко насилство се справувале со конкуренцијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција разби криминална група во која освен 39-годишниот, учествувале уште 12 други лица, сите грчки државјани на возраст од 17 до 52 години, а се товарат за изнуди, трговија со луѓе и прекршување на неколку закони.

Како што соопштија од грчката полиција, криминалната група за да биде единствена која продаваат на преполните плажи, користеле методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент