Приведен велешанец, претепал сограѓанин, кој починал од повредите

Од:

По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и Основното јавно обвинителство Велес, вчера вечер во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 43-годишниот Г.Ш. од Велес, извести МВР.

Како што информира полицијата, тој се сомничи дека на 9 јули во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на 46-годишниот Д.В. од Велес, кој неколку дена подоцна, на 13 јули, од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес.

„По преземени мерки било констатирано дека на 09.07.2022, Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека не се сеќава како се здобил со повредите, по што самоиницијативно ја напуштил болницата. На 13.07.2022 во својот дом тој бил пронајден во тешка состојба и повторно бил пренесен во болницата каде што починал. По наредба на Јавен обвинител врз телото била извршена обдукција и било утврдено дека смртта настапила како последица на здобиените повреди“, соопшти МВР.

По преземени мерки, извршени разговори со повеќе лица, како и прегледување на безбедносните камери од казиното, било дојдено до сознанија дека сторител на делото е Г.Ш., кој бил пронајден и лишен од слобода во Стар Дојран, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Велес , против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски