ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот

Од:

„Предавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот. Предавникот Ковачевски спротивно на волјата на народот го турка предлогот за бугаризација. Во тоа свое предавство сака да ги вовлече и пратениците од СДСМ кои во Собрание треба да ја гласаат информацијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Предавникот Ковачевски игнорира народ кој секојдневно излегува на улица и кажува НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација.

Предавникот Ковачевски е подготвен да го жртвува јазикот, историјата и идентитетот.

Власта свесно ја понижува државата, и жртвата на народот во Втората светска војна и Илинденците, кога сме биле на вистинската страна на историјата. Ковачевски сака да ја ретушира историјата.

За ваквиот однос на предавникот Ковачевски кон државата и народот ќе има одговорност. Ковачевски треба да знае дека ќе одговара за сите злодела кои ги направил. Одговорност ќе има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски