Индиските ореви го штитат желудникот и ја подобруваат концентрацијата

Од:

Плодот на оваа егзотична билка е вистинска ризница на хранливи материи – витамин Ц, Б1, Б2, Б6 и Е, како и нијацин, цинк, калиум, натриум, бакар, флуор, јод, железо и фосфор.


Индиските ореви се препорачуваат во случај на ментално напрегање, а особено на учениците и студентите, како и на оние лица кои подолго време седат пред компјутер.


Истражувањата покажале дека плодот на индискиот орев има антимикробно, антисептичко, противвоспалително, диуретичко, освежувачко и тонизирачко дејство, но и оти ја сузбива кашлицата, грозницата и грипот, го намалува нивото на шеќер во крвта, зголемениот крвен притисок и ги чисти цревата.


Овој вкусен јаткаст плод ефикасно ја уништува бактеријата хеликобактер пилори, причинител на чир на желудникот, а во неговата лушпа е откриена анакардична киселина, за која се смета дека ги убива канцерогените клетки.


Од листовите и кората на дрвото на индискиот орев се прави чај против дијареа, воспаление на крајници и ранички на слузокожата.


Сепак треба да се биде внимателен во конзумирањето бидејќи индискиот орев, како и другите плодови од овој вид, можат да предизвикаат алергиски реакции.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска