Европската унија планира да воведе ембарго врз испораката на оружје, полициска опрема и техника со двојна намена за Египет, изјави висок дипломатски претставник во Брисел.
Според дипломатот на тој начин Брисел сака да упати јасна порака до Египет дека насилството мора веднаш да биде прекинато.
Воведувањето на ембаргото ќе биде разговарано на вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ оваа недела во Брисел.