Собранието ќе расправа за францускиот предлог

Од:

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пред одржувањето на собраниската седница, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија.

За денес е предвидена тет-а-тет средба на претседателката на ЕК со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димни бомби и пожар во албанскиот парламент

А1он

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Мнозинството од понеделник со нов обид да го помине Законот за игри на среќа со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Над 400 лица лани биле под посебни истражни мерки: Дел од операциите продолжиле и годинава

Пратениците ги „чешлаат“ информациите за софтверите Пегасус и Предатор

А1он