Џонсон заминува со „крената глава”, Сунак доби најмногу гласови во првиот круг

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата „со крената глава” иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано отколку што сакал, објавија британските медиуми денеска кога поранешниот министер за финансии Риши Сунак доби најмногу гласови во првиот круг од гласањето за наследник на Џонсон.

„Апсолутно е точно дека заминувам во момент кој не е по мој избор. Заминувам, но со крената глава”, рече Џонсон речиси една недела откако ја објави својата оставка, изнудена од масовните оставки на министрите и другите членови на неговиот кабинет по серија скандали.

Денеска се одржа првиот круг гласање меѓу осумте кандидати за наследник на Борис Џонсон на чело на конзервативната партија и на функцијата премиер, при што Сунак доби најмногу гласови, 88.

Следеше министерката за трговија Пени Мордоунт со 67 и министерката за надворешни работи Лиз Трас со 50.

Министерот за финансии Надим Захави и поранешниот шеф на канцеларијата Џереми Хант беа елиминирани во првиот круг.

Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендхат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи на колеги пратеници потребни за учество во натпреварот.

Со денешниот круг бројот на кандидати е намален на шест, а следните кругови ќе се организираат до двајца финалисти.

Резултатот се очекува на 5 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

До вчера беше британски премиер, но доживеа голем пораз: „Ќе поднесам оставка“

Горан Наумовски

Сунак ненадејно ја откажа средбата со грчкиот премиер, се расправаат за скулптурата

Британија и Франција загрижени за ескалација на конфликтот во Газа: Нека основаат две држави

Катерина Ѓуровски

Британскиот премиер: „Мажот е маж, а жената е жена“

Британскиот премиер: Војната во Украина е предизвик, но ни се заканува уште полош конфликт

ВИДЕО: „Ова е мачно да се гледа“ – Бизарна снимка на која британскиот премиер се посрамоти во разговор со бездомник

Катерина Ѓуровски