ВМРО-ДПМНЕ: Димитар Ковачевски да го отфрли францускиот предлог

Од:

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ порачаа Не за бугаризација, а од премиерот Димитар Ковачевски побараа да го отфрли францускиот предлог.

„Народот масовно секој ден излегува на протести против предлогот, предлогот на Ковачевски кој значи бугаризација и асимилација на нацијата. Ковачевски ги турка пратениците да гласаат информација и да ја сподели одговорноста со нив.

Залудни се сите маневри на Ковачевски. Уставот е заштитен од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски нема 2/3 мнозинство. Ковачевски може да излезе од овој срам, доволно е да го отфрли предлогот и да не ги руши и понатаму позициите на Македонија.

Затоа излегуваме и вечерва на протест. Во 19 часот пред влада, и продолжуваме кон Собрание преку зградата на МНР. УЛТИМАТУМ, НЕ – БЛАГОДАРАМ“ порачаа од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски