Од 13 години затвор, се испазари за три: Државата зема имот од 30 милиони евра на Мијалков, а не знае како го стекнал

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков ја добил скоро најниската можна казна со спогодбата за „Империја“. Кривичниот суд, и таа ја намалил со спојување на казните за двете дела. За делото злосторничко здружување каде можеше да добие најмногу пет години, тој се спогоди за да добие една година. За делото противправно стекнување и прикривање имот каде можеше да добие и осум години затвор, Мијалков доби две години и шест месеци, но и парична казна од 2.000 евра која според законот е неизбежна да се плати.

Тоа значи дека од можни 13 години затвор, Мијалков доби само три. Лиле Стефанова сметала дека овие казни не се ниски и се доволни за санкционирање на ексдиректорот. Мијалков за издржување има помалку од три години, бидејќи тој претходно беше во притвор за овој предмет кој сега за него е затворен.

„Со примена на чл. 44 од КЗ на С.М. му е изречена единствена казна затвор во траење од 3 години и парична казна од 2.000,00 евра во денарска противвредност, казна во која ќе му се засмета и времето поминато во притвор.

Обвинителката конфискуваше имот за кој тврди дека вреди 30 милиони евра, а дел од него, е под хипотека. Ова го потврдуваат и од Обвинителството, но нема информации за кој имот станува збор. Оттаму уверуваат дека ако не можат да конфискуваат имот кој е дел од спогодбата, тие ќе земат друг кој е во сопственост на Мијалков.

„Од севкупната листа на недвижен имот што со пресуда треба да биде конфискуван од осудениот С.М. незначителен дел од имотот е под хипотека“, велат тие.

Во овој предмет, Стефанова не испитувала како Мијалков го стекнал имотот туку само дали можел да го купи со приходите кои ги остварувал. Ова значи дека институциите не го проверуваат потеклото на купот градежни земјишта, станови, куќи, бизниси, фирми. Обвинителката Стефанова знае и за имотот кој Мијалков го има во Чешка. Но таа уверува, тој не е купен додека бил директор на УБК.

„Елементите на споменатите кривични дела не подразбираат начин на кој имотот е стекнат, туку фактот дека имотот со кој располага осудениот ги надминува неговите приходи што законски ги остварува и за кој дал лажни или непотполни податоци што јасно упатува дека се работи за незаконски стекнат имот“, додаваат од Обвинителството за „А1он“.

Мијалков и покрај дадениот имот и платените 6 милиони евра, останува со уделот во „Мериот“ преку фирмата „Дивелоп груп“ чија вредност е 3,5 милиони евра, акции во ЗК Пелагонија кои вредат 250 илјади евра, како и куќа вредна милион евра. Тој остана без 26 локали од хотелски деловен простор, акции од Стопанска банка Битола со вредност од 350 илјади евра, неизградено земјиште на Водно, станови во Охрид, простории од охридски хотел, над 25 апартмани на Водно.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски