Прегазен пешак на автопатот Скопје-Велес

Од:

75-годишен скопјанец почина откако во него удрил автомобил во близина на Катланово, соопшти полицијата.

Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(35) од Скопје, удрило во пешакот Н.С.(75) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 12.50 часот им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Teшка сообраќајка на патот Прилеп – Градско, двајца загинати

А1он

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Тешка сообраќаjка кај Задар – двајца загинати

А1он

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево