За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење

Од:

Граѓаните да се тушираат, а не да се капат. Тоа е една од препораките на австриското Министерство за енергетика со цел граѓаните да заштедат енергија.

„Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа да се промени, потребно е, од една страна да ги прошириме изворите на обновлива енергија, а истовремено и секој да го даде својот придонес во штедење на енергија. Само мали промени во секојдневието може да донесат големи разлики и да се помогне во штедењето“, посочи Министерството.

Во објавата на социјалните мрежи, на граѓаните им се препорачува да се тушираат, наместо да се капат.

„За полна када потребно е 80 до 150 литри топла вода, а со туширање се троши само 20 до 50 литри. Со тоа, туширањето штеди многу енергија“, наведува Министерството.

Се препорачува електронските уреди да се исклучуваат односно да не бидат на стендбај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он