Шолц: Сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ!

Од:

„Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука: Дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство. Тоа ќе биде важен чекор што ќе ве приближи до членство во ЕУ и со што ќе се надмине блокадата“ се вели меѓудругото во обраќање на сојузниот канцелар на СР Германија – Олаф Шолц до Северна Македонија.

Шолц вели и дека „ги разбирам Вашата нестрпливост и Вашата фрустрација. И повеќе од тоа: ги споделувам со Вас!“.

„Јас Ве разбирам кога ќе кажете: Нам ни беше предолго и премногу ветувано. Тоа што се бараше од нас беше премногу. Јас го разбирам Вашиот сомнеж дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ. Сакам да бидам сосема искрен со Вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така Ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат.
Затоа што сакаме да бидете членка на оваа Европска Унија!“ стои во соопштението објавено на Фејсбук страницта на германската амбасада во Скопје.

Шолц порачува – „Ние Ве сакаме Вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни“.

„Сите знаеме дека компромисите понекогаш значат болни отстапки. Европската Унија се состои од компромиси, ден за ден. Но, јас сум цврсто убеден дека дури и тешки компромиси на крајот секогаш нè носат напред и нè прават посилни. Ние сме и ќе останеме на Ваша страна“ вели тој.

Би можело да ве интересира

Шолц: Путин ја става на коцка иднината на својата земја

Шолц е загрижен за успехот на екстремната десница на регионалните избори

Горан Наумовски

Германија бара промени: Шолц најави разговори

Горан Наумовски

Шолц: Поради нашата одговорност кон историјата, Германија може да биде само надвор од Украина

(ВИДЕО) Вучиќ и Шолц потпишаа меморандум: Германскиот кацелар порача дека „Јадар“ е добар за Србија

Катерина Ѓуровски

Шолц итно патува во Србија, ќе потпише договор со Вучиќ тврди Политико