Василев го вратил мандатот неисполнет, Радев со порака: Бугарија да не губи време и пари

Од:

Кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ – Асен Василев му го вратил неисполнетиот мандат за формирање влада на претседателот Румен Радев, пренесе „БГНЕС“.

На средбата попладнево присуствувале и Кирил Петков, Андреј Ѓуров и Никола Минчев.

Василев изјавил дека ПП не собрала доволно собраниска поддршка: „Значи го враќаме мандатот неисполнет“.

Од своја страна, претседателот Радев изјавил дека пред една година граѓаните верувале дека со Бугарија може да се управува на поинаков начин.

„Повлечениот кредит на доверба кон кабинетот не може и не треба да ги исцрпи јавните напори за изградба на влада која е транспарентна и одговорна пред граѓаните. Верувам дека мисијата да се промени нашата држава е историска и колку и да е тешка, Бугарите ќе ја остварат“ – нагласил Радев.

„Длабоко верувам дека институциите можат да постигнат резултати, а остварениот национален интерес е на прво место. Очекувам владата да ги развие и подготви за доставување до Народното собрание законите поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, за Бугарија да не продолжи да губи време и пари“ е ставот на претседателот на Бугарија.

Тој додал дека следната недела ќе соопшти кога ќе го додели мандатот на втората по големина партија.

Би можело да ве интересира

Асен Василев од бугарската партија ПП: Нема да поддржиме влада на ГЕРБ

А1он

(ВИДЕО) Асен Василев: За македонското прашање ние си ја завршивме работата

А1он

Василев бара подршка за новата бугарска Влада: Рано е да зборуваме за нејзиниот состав

Асен Василев е кандидат за нов премиер на Бугарија