Поранешниот играч на Тотенхем, Стивен Бергвајн, денеска потпиша петгодишен договор со Ајакс. Трансферот на 24-годишниот играч е вреден 31.250.000 евра, објави „Би-Би-Си“, и е најголем во историјата на холандскиот фудбал.
Холандскиот фудбалер сакаше да го напушти Тотенхем откако не успеа да се избори за поголема минутажа кај тренерот Антонио Конте. Двата клуба сега постигнаа договор, откако првата понуда на Ајакс од 20.000.000 фунти беше одбиена во јуни.
Бергвајн, кој играше за Ајакс во помладите категории, се пресели во Тотенхем во јануари 2020 година од ПСВ Ајндховен. За лондонскиот клуб одигра 83 натпревари и постигна осум гола.
Извор: Топспорт