Поранешниот заменик на времениот претседател на Египет Мохамед ел Барадеј, кој во средата поднесе оставка од функцијата во знак на протест поради насилното растерување демонстрантри, денеска го напушти Каиро и замина за Виена.
– Верувам дека постоеја мирни алтернативи да се стави крај на социјалните немири и оти постоеја прифатливи решенија кои можеа да не доведат до национално помирување, но се тргна во спротивен правец, рече Ел Барадеј, во изјава до медиумите.
Ел Барадеј одби да даде изјава или да одговори на новинарски прашања на аеродромот.