Инспекторите на ОН за хемиско оружје пристигнаа во Сирија

Од:

Инспекторите на ОН, задолжени да истражат дали хемиско оружје е користено во судирите во Сирија, допатуваа денеска во Дамаск.

Тимот на ОН, кој го сочинуваат 20 инспектори и асистенти.

Сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фаисал Мекдад, во пресрет на пристигнувањето на инспекторите, изјави дека Дамаск во целост ќе соработува со нив.

Сириската Влада пред три дена соопшти дека нема ништо што да крие од тимот инспектори за хемиско оружје.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун даде зелено светло за заминувањето на инспекторите, откако сириската Влада прифати детали врзани за истрагата.

Се очекува тимот експерти да посети три локации каде наводно се случиле нападите со хемиско оружје, но дипломатите и експертите за хемиско оружје длабоко се сомневаат дека нешто ќе биде пронајдено, бидејќи од инцидентите поминаа неколку месеци.

Мандатот на инспекторите е ограничен – тимот ќе истражи дали било употребено хемиско оружје и ако се потврди тоа, нема да се утврдува одговорност за нападот.

Сириската Влада и бунтовниците едни со други се обвинуваат за напади со хемиско оружје, во кои загинаа најмалку 30 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија