Европскиот парламент денеска со убедливо мнозинство го осуди укинувањето на уставната заштита за абортусот во САД и повика на воведување таква заштитна мерка во Повелбата на ЕУ за основните права.
Европратениците ја усвоија резолуцијата со 324 гласа „за“, 155 „за“ и 38 воздржани, што го одразува гневот во многу земји-членки на ЕУ по контроверзната одлука на Врховниот суд на САД од 24 јуни.
Резолуцијата ги повикува членките на Унијата да додадат во Повелбата за основните права на ЕУ дека „секој има право на безбеден и легален абортус“.
Статусот на абортусот во земјите на ЕУ е определен со националните закони. Абортусот е легален и се практикува без големо политичко противење во многу земји-членки на ЕУ, додека е забранет во Малта и ограничен во Полска.
Извор: МИА