Претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација на Бошњачкиот демократски сојуз и Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на геноцидот во Сребреница.
-Тие разговараа за тажната епоха во историјата на Бошњаците во овој регион, каде што беа изложени на страшни злосторства и страдања, кои секогаш ќе ги паметиме за да не се повторат. Бошњачкиот демократски сојуз изразува голема благодарност до почитуваниот претседател на Парламентот за неговата хуманост и транспарентност, кој во својот мандат ја воведе комеморацијата на геноцидот во Сребреница во институцијата со која претседава, соопшти Бошњачкиот демократски сојуз.