МИ5/ФБИ: Кина е најголемата долгорочна закана за Западот

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и британската контраразузнавачка служба МИ5 денеска оценија дека Кина претставува најголема долгорочна закана за западните земји.

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј и неговиот колега од МИ5, Кен МекКалум, на заедничка конференција рекоа дека службите на двете земји „постојано забележуваат“ дека потезите на кинеските власти ја загрозуваат „економската и националната безбедност“ на двете земји, како и на земјите во Европа и ширум светот.

Тие додадоа дека Кина е решена да краде технологијата од западните компании.

Реј рече дека обидот на Пекинг да го заземе Тајван со сила ќе биде „едно од најужасните нарушувања на деловниот свет“ што некогаш се случило.

„Како и во Русија, долгогодишните западни инвестиции би можеле да бидат заложници, капиталот може да се изгуби, а синџирите на снабдување и односите би можеле да бидат нарушени“, рече Реј.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски