Елизабет Борн денеска изјави дека земјата мора да се подготви за недостиг од руски гас

Од:

Во своето прво обраќање пред пратениците во францускиот Парламент, премиерката Елизабет Борн денеска изјави дека земјата мора да се подготви за недостиг од руски гас.

Борн истакна дека француските политичари ја заборавиле доблеста на компромисот и рече дека „значењето мора да се врати на зборовите“.

Соочена со гласни протести на пратениците лево и десно, таа ги предупреди опозициските партии дека „нередот и нестабилноста не се опција“, јави Франс 24.

Откако политичката опција на Макрон го загуби апсолутното парламентарно мнозинство по изборите во јуни, Борн, како претседателка на малцинската влада, рече дека народот на Франција бара од своите политичари да ги прават работите поинаку и нагласи дека владата предводена од неа и Макрон одговара на тие барања на Французите.

Денешното излагање на премиерот се нарекува Општа политичка декларација и е традиционален политички чин и правило според кое новиот премиер се обраќа на новото свикување на парламентот, во кое потоа детално се анализираат позицијата и плановите на премиерот.

Кога станува збор за приоритетите на Макрон во вториот мандат, една од најзначајните најави беше дека Франција целосно ќе ја национализира компанијата ЕДФ оптоварена со долгови, во која државата поседува 84 отсто од сопственоста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија