Мицкоски на средба со Сарацин: Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се дискутирало за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.

– Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ