Неколку илјади хектари шума изгореа на грчките острови Тасос, Кефалонија и Андрос

Од:

Неколку илјади хектари шума изгореа во пожарите на грчките острови Тасос, Кефалонија и Андрос, пренесе ДПА.


Авиони за гасење пожари учествуваат во задушувањето на пламенот на островите Тасос и Кефалонија. Пожарите на двата острова во моментотв се ставени под контрола.


Голема е, меѓутоа, опасноста огнот повторно да се прошири заради големата суша и силниот ветар, посочија од противпожарната служба во Атина.


Градоначалникот на островот Тасос денеска изјави дека во пожарот на островот досега изгореле најмалку 5.000 хектари шумска вегетација.


Чадот од огнот стигна до неколку села во јужниот дел од островот.


И пожарот на островот Андрос утринава бил совладан, информира ДПА.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит