Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Осомничениот најпрвин набавил семе и засадил канабис во саксии во неговиот дом. Растенијата ги одгледувал и од нив произведувал наркотична дрога – марихуана, која ја пакувал и неовластено ја продавал на наркозависници од Скопје за сума од 500 до 1.000 денари по грам. При претресот, полициските службеници во неговиот дом на улицата „Христо Батанџиев“ пронашле 399 грама марихуана.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.