Гувернерот на Донецк повика 350.000 цивили да се евакуираат од регионот поради претстојната руска офанзива.
Повикот дојде еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион Луганск, кој оваа недела целосно падна во руски раце. Се верува дека Донецк е следната цел на Русите, поради што властите ги повикаа цивилите да се евакуираат.
Павло Кириленко, изјави дека евакуацијата на 350.000 цивили е „неопходна за да се спасат животи“ и „да и се овозможи на украинската армија полесно да ги брани градовите од руската офанзива“.
„Во Донецк ќе се решава судбината на целата земја. Кога цивилите ќе бидат евакуирани од регионот, армијата ќе може да се концентрира на непријателот“, најави Кириленко.
Вчера руските сили силно го бомбардираа Славјанск, град во Донецк за кој се верува дека заедно со Краматорск е клучна цел на руските сили. Градоначалникот на Словјанск, Вадим Лика преку Фејсбук ги повика жителите да се евакуираат.
По заземањето на Луганск, руските сили се движат кон Донецк, источниот регион на Украина. Затоа има тешки битки, најави гувернерот на Луганск Серхиј Хајдај.
Хајдај вели дека руските сили претрпеле големи загуби во битките за Северодонецк и Лисичанск, клучни градови во регионот Луганск, но сега ги фокусираат сите свои напади во правец на Доњецк.
„На границите на Луганск се водат тешки борби. Таму се испратени сите сили на руската армија и резервисти. Тие трпат големи загуби“, изјави Хајдај за украинската телевизија.
„Тие испратија огромни количини опрема кон Доњецк. По Луганск, Доњнцк е на врвот на нивната листа на приоритети“, рече Хајдај.