Руте: Се надеваме дека Скопје ќе го прифати францускиот предлог, ако не, Тирана сама да го продолжи патот

Од:

Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија сама да продолжи на патот, што сметам дека е праведно, но се надевам дека тоа нема да биде потребно, изјавил холандскиот премиер Марк Руте по вчерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама, пренесуваат албанските медуми.

Руте изразил оптимизам дека Северна Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ.

-На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија. Проблемот овде е Северна Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија, така што двете земји, барем политички, се поврзани. Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи, оценил тој.

Додал дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог.

– Северна Македонија направи многу, го смени и името. Постои оптимизам дека Северна Македонија ќе го прифати францускиот компромис и ги повикувам да го прифатат бидејќи тоа е фер компромис. Секој добива нешто, губи нешто, но барем тоа е фер резултат. Да се надеваме дека Македонија ќе се согласи и тогаш сите ќе можеме да одиме рака под рака во иднината, нагласил Руте.

Според него одредувањето датум за првата меѓувладина средба ќе биде награда за албанската влада на Еди Рама и за реформите што ги спроведува.

– Тоа ќе биде и правична награда за целата работа што ја направи владата на Еди Рама и реформите што ги презеде, а што ги видов со свои очи при мојата посета во ноември кога бев во Тирана, рекол тој.

Од своја страна, Еди Рама високо ја оценил посветеноста на Холандија и му се заблагодарил на премиерот Руте за промовирањето на процесот на пристапување во ЕУ.

И двајцата ја поддржале идејата за создавање нова политичка заедница. Руте дури зборувал за албанско-холандска иницијатива да го води процесот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Руте: НАТО алијансата останува обединета, без разлика кој ќе победи на изборите во САД

А1он

Шефот на НАТО: Севернокорејските војници пристигнаа во Курск, ова е значајна ескалација

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски