Митрополитот на европската епрхија на МПЦ, владиката Пимен, во последно време со неколку изјави во јавноста стана цел на напади на владеачката партија и лично премиерот Груевски, во интервјуто за неделникот „Фокус“ насловено „Народе освести се“, ги отфрла како невистинити тврдењата на премиерот дека барал да се сретнат.
„Јас никогаш немам побарано средба со премиерот Груевски. Не сум имал потреба“ – со што владиката Пимен ги отфрла тврдењата на премиерот како лажни дека тој барал да се сретнат по нападите што владиката ги упати на адреса на МПЦ и на владеачката партија по каменувањето на просториите на општина Центар.
Премиерот Груевски тогаш во интервју за порталот „Нетпрес“ во нему својствен стил остро и со омаловажувачки тон го исплука европскиот митрополит, како што го прави тоа со секој што не се согласува со неговите постапки. Во интервјуто г. Пимен зборува отворено како тој гледа на се што ни се случува во државата, и му порачува на народот да се освести и да не следи слепо постапки кои не се во ред.