Деветмина фатени со повеќе видови дрога приведени на феситвал во Стар Дојран

Од:

ноќеска за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид