На социјалните мрежи се појавиja снимки на кои се гледа како луѓето панично бегаат додека пукотниците одекнуваат низ трговскиот центар во Копенхаген.
22-годишен Данец синоќа застрела три лица и рани неколку други во трговски центар во Копенхаген. Три лица се во критична состојба.
Тој без отпор се предал на полицијата, а мотивот за нападот се уште не е познат, иако полицијата не ја исклучува можноста за тероризам.